Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 18 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Стабилно и суво време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот, почнувајќи од запад, повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и ќе се интензивираат на повеќе места.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 18 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време со утринска температура до 11 и дневна до 27 степени.
За време на викендот, поточно во сабота, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе има ретка појава на грмежи. Во недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.