По смртта на сопругата го отворил нејзиниот паричник и таму пронашол тајна…
Џими и Били Брилан, биле во брак 60 години, се венчале во 1954, а оттогаш уживале во својата љубов и одгледале деца и внуци, но еден ден срцето на Џими било скршено.
Неговата сопруга била учителка и писателка, и била позната по тоа дека пишувала пораки, за да се потсетува што треба да направи тој ден.
За жал во 2015 година, Били починала на 83- годишна возраст, а срцето на нејзиниот сопруг било скршено, меѓутоа два дена по нејзината смрт забележал ливче во нејзиниот новчаник, а таму биле нејзините последни зборови.
„Немој да плачеш зошто ме нема повеќе, те молам! Смеј се зошто живеев! Знај дека сум на среќно место и дека таму повторно ќе се сретнеме„ пишувало во пораката.