Напад во училиште во Тексас, најмалку 10 убиени

Напад во училиште во Тексас, најмалку 10 убиени

Најмалку десет лица загинаа денеска, а десет други се ранети денеска, при напад во средно училиште во градот Санта Фе во Тексас, соопшти вечерва гувернерот на оваа американска сојузна држава Грег Абот.

Според Абот, станува збор за „еден од најгрозоморни напади во училиште што некогаш се случиле во историјата на Тексас“.

Локалниот полициски шериф Ед Гонзалес претходно соопшти дека „најголемиот број од убиените“ се ученици,

Меѓу ранети при нападот, кои се пренесени в болница, е и еден полицаец.

Заменик-директорот на училиштето Крис Ричарсон изјави дека полицијата го уапсила „осомничениот за пукотниците“.

Гонзалес од своја страна соопшти дека уапсениот напаѓач бил ученик во средното училиште, како и дека покрај него полицијата привела уште едно лице.

Извор во полицијата, кој побарал анонимност, изјави дека напаѓачот е идентификуван како Димитриос Пагурцис, на возраст од 17 години. Тој бил вооружен со полуавтоматска пушка АР-15.

Пагурцис играл за училишниот фудбаклски тим, а бил челн и на фолклорната група при локалната грчка православна црква.

Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, претходно јави дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно, вооружен со сачмарка со скратена цевка.

Неколумина ученици за локалните медиуми изјавија дека пукотниците започнале откако во училиштето се вклучил алармот за пожар, но засега не е познато кој го активирал.

Санта Фе Тексас Напад ТВИТЕР

– Некој влезе со сачмарка и почна да пука, изјави една ученичка која во време на нападот била на час по уметност. Таа додаде дека видела една убиена девојка, која била погодена во ногата.

Инциднетот се случил набрзо по почетокот на наставата во училиштето.

Гонзалес информира и дека околу училиштето биле пронајдени сомнителни направи, за кои се претпоставува дека се експлозиавни. Во тек е операција на специјалните полициски тимови за нивно отстранување.

Нема информации колку направи се пронајдени, а полицијата апелираше до граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни предмети.

Мотивите за нападот засега не се познати.

Коментирајќи го нападот, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека тој е „апсолутно ужасен“.

– Мојата Администрација е решена да стори се што е во нејзина моќ за да ги заштитиме нашите ученици, да ги обезбедиме нашите училишта и да го држиме оружјето подалеку од рацете на оние кои претставуваат закана за себе и за другите, нагласи Трамп.

Ова е втор најсмртоносен напад во училиште во САД годинава, по оној во февруари во сојузната држава Флорида, кога загинаа 17 лица.

 

Треба да знаете
Последни објави