Од понеделник почнува акција за собирање кабаст отпад во Аеродром
На 21, 22 и 23 мај (понеделник, вторник и среда) Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, односно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, ќе реализира акција за собирање кабаст отпад. Општина Аеродром ги повикува граѓаните во текот на викендов да го одложат кабастиот отпад пред своите домови доколку живеат во куќа или до најблискиот контејнер, по што екипите ќе го соберат отпадот.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут. Одложувањето кабаст отпад на јавна површина надвор од најавени акции за собирање, е казниво со закон.