Ердоган во посета на Сарајево
Претседателот на Турција , Реџеп Таип Ердоган пристигна во Сараево во рамките на неговата дводневна посета на Босна и Херцеговина. Ердоган во Сараево ќе одржи предизборен митинг.
Турскиот претседател бил свечено дочекан на Меѓународниот аеродром во Сараево, каде стигнале уште два авиони од Анкара.
Ердоган потоа со највисоки државнички почести бил дочекан од претседателот на претседателството Бакир Изетбеговиќ, пред зградата на Претседателството на БиХ.
На свечениот дочек не присуствувале српскиот и хрватскиот членовите на претседателството Младен Иваниќ и Драган Човиќ.
За време на престојот во Сараево Ердоган е планирано да одржи политички митинг како дел од кампањата за предвремените претседателски и парламентари избори во Турција закажани за 24 јуни.
Силни безбедносни сили го обезбедуваат турскиот претседател за време на престојот во БиХ , посебно засилени по неофицијалните најави за негов атентат во текот на посетата на Балканот, пренесуваат локаните медиуми.
Во Сараево владее скоро вонредна состојба со посебен сообраќаен режим.