Притвор за кичевец поради полов напад врз шестгодишно дете
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти, овој месец, во парк на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, на начин што допирал по телото шестгодишно девојче од Прилеп, кое моментално престојувало во Кичево.
На пријавениот определена му е мерка притвор од 30 дена, информира од СВР – Охрид.