Како што пренесуваат шпанските медиуми, најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Ентоан Гризман би можел ова лето да се пресели во Барселона.
Францускиот репрезентативец практично веќе со една нога е во Барселона. Според споменатиот медиум, Гризман веќе се договорил со управата на каталонскиот клуб и наскоро ќе стави потпис на петгодишен договор според кој ќе заработува 15 милиони евра по сезона.
Доколку е ова вистина, Атлетико Мадрид ќе остане без својата прва ѕвезда, а Гризман во Барселона ќе биде вториот најплатен фудбалер, веднаш зад Лионел Меси.
Сепак, едно е сигурно, а тоа е дека Атлетико Мадрид на сите можни начини ќе се обиде да го задржи Французинот во своите редови, па дури и се појавија гласини дека „Јорганџиите“ се подготвени на Гризман да му понудат плата од 25 милиони евра по сезона.