Драма во Гостивар: Девојка испила средство за хигиена
Дваесетгодишна гостиварка се обидела да си го одземе животот испивајќи токсично средство за хигиена.
Како што соопшти МВР, вчера на Ургентното одделение во гостиварската Општа болница била донесена 20-годишна девојка од Гостивар, која претходно испила извесна количина токсично средство за хигиена. По укажаната лекарска помош, таа била пуштена на домашно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.