Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
За неа гласаа 81 пратеник, воздржани и против немаше.
Ангеловска Бежоска е првата жена гувернер на НБРМ, а на оваа позиција доаѓа од вицепремиерското место во Банката.
Нејзин претходник беше Димитар Богов.
Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи Ангеловска – Бежоска за нов гувернер на Народната банка и предлогот го достави до Собранието.
Ангеловска-Бежоска осум години е на функцијата вицегувернер во Народната банка задолженa за областите монетарна политика, истражување и статистика. Таа беше реизбрана за вицегувернер на Народната Банка, на предлог на Богов, на 20 септември 2017 година во Собранието.