Грчките власти на пристаништето Игуменица открија и запленија шест килограми херион во луксузен автомобил на Албанец со шпанско државјанство.
Медиумите во Албанија, кои се повикуваат на извори на грчкото Министерство за внатрешни работи, јавуваат дека засега идентитетот на уапсениот не е соопштен поради истражни активности.
Медиумите пишуваат дека шверцерот со хероин имал за цел од пристаништето со траект да замине за Италија каде и требало да се пренесе дрогата.