Здрав почеток на денот: Четири идеи за совршен појадок

Се вели дека појадокот е најважниот оброк во денот, кој би требало да биде здрав, а воедно и да ве држи сити подолго време.

 

Ви нудиме неколку опции за здрав, вкусен и едноставен појадок:

Овесна каша

Овесната каша е најдобро да ја подготвите една вечер порано и да ја оставите во фрижидер. Овој појадок е вистинска „протеинска бомба“, со која можете да комбинирате многу намирници. Во чинија ставете една шолја овесна снегулки, млеко, две лажички јогурт и бадеми. Наутро можете да додадете и свежо овошје. Овој појадок ќе ви ја даде потребната енергија за цел ден.

Протеински палачинки

Протеинските палачинки можете да ги подготвите од овесни снегулки или посно сирење. Тие се подготвуваат како класичните палачинки, а можете да ги јадете со било какво полнење. Пробајте верзија со пасирани боровиници или бадеми, путер од кирики и банани.

Фритата

Овој појадок е сличен на класичниот омлет, но состојките (зеленчук по желба, сирење) се мешаат со изматени јајца, па потоа заедно се печат. На јајцата додадете им бел лук, маслиново масло и иситнет зеленчук, на крај одозгора покријте се со сирење и печете во рерна.

Тост со авокадо

Иако е скапо, авокадото е исклучително квалитетна храна. Авокадото е богато со калиум и магнезиум, кои придонесуваат за намалување на крвниот притисок. Можете да го пасирате, па да му додадете малку сол, бибер и лажичка сок од лимон, па да го ставите овој намаз на тост, или да го комбинирате авокадото со туна. Во секоја варијанта овој појадок е вкусен и здрав.

Треба да знаете
Последни објави