Во последните два дена над дваесетина земјотреси со посилен интензитет се почувствувани во јужниот дел на Албанија. Албанската сеизмолошка агенција соопшти дека земјотресите со најголем интензитет биле почувствувани во Валона и Тепечена и во бројните рурални населби во регионот.
Податоците говорат дека нагласена материјална штета е регистрирана кај дваестина станбени објекти. Пет семејства се евакуирани бидејќи штетите врз нивните објекти биле големи.
Според албанските медиуми, најсилниот земјотрес со интензитет од 3,4 степени бил со епицентар меѓу населените места Врник и Орикум.