Шест лица потешко повредени во шест сообраќајки викендов во Скопје
Шест лица се здобиле со тешки телесни повреди во шест од вкупно 35 сообраќајки случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје. Во 12 полесно биле повредени 12 лица, а во 17 била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто осумдесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, 8 возачи за неправилно престројување, 20 возачи не користеле заштитен шлем.
Санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 180 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 123 возила.