Џанлуиџи Буфон после 17 години одлучи да го напушти Јувентус, но се чини дека Италијанецот се уште не е подготвен за пензија.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, 40-годишниот голман би можел наскоро да ја засили екипата на француски ПСЖ.
Наводно, парижаните му нуделе договор на Буфон на две сезони и годишна плата од осум милиони евра, со клаузула после една сезона да може да го напушти клубот. Буфон за италијанските медиуми изјави дека се ќе знае за една седмица.
„ПСЖ? Потребни ми се седум дена да се смирам и да анализирам се. Тоа не се едноставни избори. Кога имате 40 години, не можете во истиот момент да носите такви одлуки. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Џанлуиџи Буфон.