Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во кој му е обвинет за незаконска набавка на полициски возила.
Обвинетиот Ѓоко Поповски се изјасни дека не е виновен и дека очекува одбивателна и ослободителна пресуда. Поповски е обвинет од страна на СЈО дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра. Првото рочиште почна лани во ноември.