Четири годишно дете е тешко повредено откако вчера на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, било удрено од автомобил „Киа“ со скопски регистарски таблички.
Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесно во комплексот клиники „Мајка Тереза“ –Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.