Свадбениот бидермаер што Меган Маркл го држеше на венчавката со британскиот принц Хари, не заврши во рацете на некоја од гостинките на свадбата, туку на гробишта.
Оваа традиција се почитува во кралското семејсство со децении, а ја започнала кралицата Елизабета во 1947 година по венчавката со кралот Џорџ Шести, кога нејзиниот венчален букет го оставила на „гробот на незнаен борец“, во спомен на брат ѝ Фергус кој загинал во 1915 година во Првата светска војна.
Оттогаш секоја кралска невеста го положува својот бидермаер на гробот на незнаен јунак, а војвотката од Сасекс реши да ја продолжи традицијата и го прати букетот во Весминстер Еби каде беше оставен гробот на војник кој загинал во Првата светска војна.
Бидермаерот за поранешната американска актерка го аранжираше Филипа Крадок, а цвеќињата ги набрал принцот Хари лично, од градината во Кенсингтонската палата.