Му дал 1 000 евра, му земал 1 200 – Кривична пријава за лихвар
Поднесена е кривична пријава против 27-годишниот Б.Л. од Битола поради сомение дека сторил кривично дело „лихварство“.
Пред два месеца тој му позајмил 60 000 денари на 66-годишен маж од Битола, кој во рок од еден месец требал да му врати 72 000 денари.
Бараниот износ бил исплатен.