Чилеанецот Мануел Пелгрини денес го стави својот потпис на тригодишниот договор со Вест Хем Јунајтед.
Искусниот тренер на клупата на „чеканите“ го наследи Дејвид Мојс кој по само шест месеци го напушти клубот. Вест Хем Јунајтед сезоната ја заврши на 13.место.
Пелегрини изминатите две години работеше во Кина, во екипата на Хебеи.
Во Премиер лигата, Чилеанецот има освоено титула со Манчестер Сити во 2014 година. Пелгрини, во кариерата, тренирал неколку екипи во Чиле, а во Европа бил тренер на Виљареал, Реал Мадрид и Малага.