Продолжува 46. седница на Собранието
Собранието денеска треба да ја продолжи 46. седница на чиј дневен ред се повеќе закони.
Пратениците треба да расправаат за избор на претседател и комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност, а треба да се гласа и за дополнетите предлози на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства и на законот за изменување на Законот за заштита на природата, двата во второ читање.
На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на Законот за царинска управа, на Законот за градежните производи, на Законот за акцизите, за Предлог на одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и годишните извештаи на неколку институции, меѓу кои и на Специјалното јавно обвинителство.