Гореше автомобил среде паркинг во Скопје
На паркинг на булевар „Јане Сандански“ во Скопје, вчера во 20:22 часот имало опожарено патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за возило „Форд Мондео“ сопственост на 20-годишниот Б.А. од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.