Вчера во 21:30 часот во Полициската станица Гази Баба, од ната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека на 21.05.2018 година во 19:50 часот 12-годишен штитеник на установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Истиот ден во 13:30 часот во Полициската станица Чаир, вработена во домот „25 Мај“ пријавила дека 15-годишен штитеник на домот на 21.05.2018 година околу 10:30 часот се оддалечил во непознат правец.
Полицијата прави се за пронаоѓање на двете лица.