Пред да патувате во странство треба да се информирате за локалните закони и култура на земјата што ја посетувате, но и да водите сметка за вашето лично здравје, односно да примите соодветни вакцини.
Пред посета на овие пет земји треба задолжително да се вакцинирате, под претпоставка дека како дете сте ги примиле сите вакцини пропишани со закон.
Бразил
Ако патувате во Бразил, обрврзно со закон мора да се вакцинирате против жолта треска, најдоцна 10 дена пред да тргнете на пат. Исто така, ако патувате во областа Амазонија, треба а понесете лекови против маларија и да ги почитувате пропишаните мерки за заштита од убоди од комарци. За оние кои планираат да поминат подолг временски период во руралните подрачја, се препорачува да се вакцинираат и против Хепатит А и тифус.
Еквадор
Се препорачува вакцинирање против тифус, хепатит А и исто како и за Бразил, земање лекови против маларија и придржување до препораките за заштита од убоди од инсекти.
Индија
Ако патувате кон Индија, поминувате низ подрачје загрозено со жолта треска, како некои земји во Африка, Јужна и Централна Америка, па понесете документација со меѓународна потврда дека сте вакцинирани.
Перу
Сите патници кои патуваат западно од Андите и оние кои планираат да ги посетат областите со густи шуми сместени на надморска височина помала од 2.300 метри, треба да се вакцинираат против жолта треска. Лековите за маларија исто така се задолжителни.
Венецуела
Ако планирате да патувате во Венецуела, се препорачува вакцинирање против Хепатит А и земање лекови против маларија. Во некои региони се препорачува и вакцина против жолта треска.