Родители го тужат синот бидејќи не сака да се отсели од дома

Родителите на 30-годишен маж од Сиракуза, Њујорк мораа да преземат драстични мерки во напорите да го натераат синот да „одлета од гнездото“ – му поднесоа тужба.

 

Во судските документи стои дека Мајкл Ротондо не плаќа кирија и не помага во домашните обврски и исто така ги игнорира понудите од неговите родители да му дадат пари за да почне да живее на друго место.

Иако му биле врачени пет предупредувања пред бркање, Кристина и Марк Ротондо велат дека нивниот син сепак одбива да се отсели од нивниот дом.

Мајкл тврди дека законски, не бил известен дека треба да се отсели.

Родителите се решиле на ваков несекојдневен чекор откако со месеци пробувале „со убаво“ да го убедат возрасниот син да си замине.

Двајцата му понудиле на синот 1.100 долари за да се отсели, во пакет со остри коментари во врска со неговото однесување.

„Има работни места дури и за некој со малку работно искуство како тебе. Најди работа, мораш да работиш нешто“, му рекле.

Судот ќе го разгледува случајот на семејството Ротондо кон крајот на месецот.

До тогаш, синот останува дома.

Треба да знаете
Последни објави