Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е бескомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците.
Партијата е против која било тенденција да се славизира во која било форма името на државата. Ова е заклучокот на Алијансата за Албанците која вчера одржа седница на Централното претседателство, на која го соопшти ставот околу прашањето за името и последниот предлог „Република Илинденска Македонија”.
„Алијансата за Албанците е против тенденцијата за славизација на новото име на државата. Во врска со информацијата пренесена во јавноста за новиот предлог на името на државата, Алијансата за Албанците смета дека ова именување е силен удар врз секуларниот карактер на државата како една од основните темели на либералната демократија“, соопшти партијата на Зијадин Села.
Тие го потсетуваат премиерот дека „Албанците во овој важен политички процес не можат да бидат претставувани од некој кој е повеќепати делегитимиран од гласачите – Албанци во повеќе изборни циклуси”.