Џафери во официјална посета на Република Србија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија.
Џафери во Белград ќе се сретне со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, со српската премиерка Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка во Народното Собрание со Република Македонија.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери ќе биде придружуван од членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија Иван Стоиљковиќ, кој е претседател на групата, и од Илија Николовски и Мирсада Емини Асани, членови.