10 тина демонстранти пред суд, за да му дадат подршка на Груевски за првата пресуда
Пресудата за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ од 600 илјади евра по обвинението на СЈО под името „Тенк“, без сомнение е она што најмногу го привлекува вниманието на јавноста. Поминаа три години откако пролетта 2015 година беше објавена првата „бомба“ што го откри овој случај. Во јануари 2017 година почна истрагата на СЈО, а во јануари 2018 година започна и судскиот процес. Во пресрет на денешната одлука, вчера пред Основниот суд Скопје 1 беа поставени заштитни метални огради а денес само 10 тина граѓани протестираат пред судот.
За делото за кое се товари Груевски предвидена е затворска казна од 1 до 3 години. Обвинителите од СЈО побараа осудителна пресуда, бидејќи набавката била лична желба и хир на експремиерот купена со буџетски пари, при што била фаворизирана една фирма. Груевски критикуваше дека е обвинет „за сакање да се набави блиндирано возило“.