Возило на МВР направи сообраќајка во Скопје – двајца итно пренесени во болница
Во 12,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици сопственост на такси компанија, а управувано од 59-годишниот Ш.С. од Љуботен-скопско и патничко моторно возило „Фиат Линеа“ со скопски регистерски таблици сопственост на МВР, а управувано од 40-годишниот З.К. од селото Мирковци-скопско.
Возачот на возилото „Фиат Линеа“ З.К. и сопатничката од истото возило С.Р. (27) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.