Затворската казна за Груевски топ тема во светските медиуми
Сите поголеми светски медиуми ја пренесоа веста за затворската казна која му беше досудена на бившиот премиер Никола Груевски.
Светските медиуми пренесуваа дека Груевски е осуден на двегодишна казна затвор заради злоупотреба на службената должност и моќ.
Некои од нив ги цитираа и дел од разговорите од прислушуваните снимени материјали кои беа изложени како докази во судската постапка од случајот „Тенк“.