Ова е автомобилот од страшната трагедија во Македонија
Страшна сообраќајка денеска ја зави Македонија во црно, откако згасна млад живот во Штип.
Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.
Читател на Пресс24 ни испрати фотографија, која е навистина страшна и ја леди крвта.