Пукање во Арачиново: Го застрелал зетот затоа што ја раскинал веридбата со ќерка му
Пукање ги вознемири вчера жителите на скопско Арачиново. 31-годишниот А.С. бил вчера застрелан во пределот на стомакот и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Причина за престрелката била раскината веридба.
Како што велат од полицијата инцидентото се случил околу 16.00 часот на улицата „18“ во Арачиново.
Таткото на девојката, И.В. од Арачиново управувал патничко моторно возило “Фиат Пунто“, го запрел возилото и со пиштол испукал проектил кон 31-годишниот А.С.
Причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистувањ е на настанот.