Татко до смрт го претепал 14-годишниот син
Татко го убил својот 14-годишен син, во село Карачево крај Каменица, информира косовската полиција. Оттаму информираат дека врз жртвата Л.Б., роден 2004 година, според полицијата, е извршено физичко насилство со дрвен стап вчера околу 19 часот, од страна на неговиот татко Г.Б., роден 1958 година.
Откако го претепал, таткото го затворил синот во соба до 24 часот.
Откако му се влошила состојбата, осомничениот решил да го однесе на лекар со помош на членови на семејството, меѓутоа кога стасале во медицинскиот центар во Каменица, некаде околу 00.40 часот, веќе било предоцна и дежурниот лекар само можел да констатира дека детето починало – се вели во соопштението на полицијата.
Според првичните сознанија од истрагата, се претпоставува дека таткото го претепал синот затоа што кришум зел пари од дома и ги потрошил.
По испрашувањето, со одлука на јавен обвинител, телото на детето е пратено на обдукција во Институтот за судска медицина, додека на таткото му е одреден 48-часовен притвор.