Двајца осудени за препродажба на органи на Косово
Сопственикиот на клиниката Медикус на Косово и неговиот главен анестезиолог се осудени за препродажба на органи и трговија со луѓе.
Судот утврдил дека тие правеле илегални операции на трансплантација на бубрези. Сопственикот на клиниката , Љутфи Дервиши и главниот анестезиолог Скол Хајдини се осудени за трговија со луѓе и организиреан криминал на седум и пол години затвор и 8 000 евра парична казна , а за анаестезиологот една година затвор. На клиниката Медикус биле носени донатори , илегално им биле извадени органи , а потоа продавани на богати пациенти. Судот во Приштина утврдил дека ваквите операции се правеле во 2008 година .
Судијката Франческа Фишер рече дека Дервиши регрутирал пациенти и вршел трансплантации , иако неговата клиника немала за тоа лиценца. Таа додаде дека криминалните дела биле направени со познати и непознати лица од Косово , Турција , Израел и Украина.
Осудените за истото дело биле осудени во 2013 , а пресудата беше потврдена од Апелацискиот суд во март 2016, со осудителна пресуда за Љутфи Дервиши и неговиот син за по 8 години и за анестезиологот пет години затвор.
Но Врховниот суд на Косово ја отфрли оваа одлука поради процедурални нерегуларности. Во јули 2017 процесот почна од почеток .
Целиот случај почна во 2008 кога полицијата доби пријава за пациент од Турција во сериозна состојба со изваден бубрег на приштинскиот аеродром.