Драма во маркет во Скопје: Муштерија почнал да пцуе, па ја нападнал вработената
Вчера во 17.30, М.С. (28) од Скопје, вработена во маркет на бул. „Партизански Одреди“, пријавила дека истиот ден во 17.15 часот, поточно во маркетот, била физички нападната од купувачот П.Т. (65) од Скопје.
Тој влегол во маркетот и почнал да пцуе, по што дошол до неа и физички ја нападнал. Тој бил тргнат од други купувачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.