Осум жени го обвиниле славниот глумец за сексуално злоставување
Осум жени го обвинуваат познатиот актер Морган Фримен (80) за несоодветно однесување и сексуално злоупотребување, јавува Си-Ен-Ен.
Обвинувањата се појавија денеска кога неименувана жена и кажала на телевизијата Си-Ен-Ен дека таа била злоупотребена од актерот во 2015 година кога работела како асистент на продукција за снимањето на комедијата „Going in Style”, во која, покрај Фримен, глумат Мајкл Кејн и Алан Аркин.
Жена тврди дека Фриман чест несоодветно ја допирал и дневно коментирал за нејзиното тело и облека.
Фримен во еден момент, вели таа, се обидел да и го подигне здолништето и испитувал дали носи долна облека. Жената напоменува дека Аркин му рекол на колегата да престане до тоа.
Телевизијата Си-Ен-Ен наведува дека разговарала со 16 луѓе за однесувањето на Фриман, од кои осум тврдат дека биле негови жртви.