РК Бутел го доби заслужениот пехар, идната сезона игра во Суперлигата
Тимот на Бутел Скопје уште минатиот викенд го потврди пласманот во Суперлигата, а на домашниот натпревар против Партизан Гевгелија, славеше со убедливи 51-27 и ги доби заслужените медали и пехарот од страна на Ракометната федерација на Македонија.
Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски му го додели пехарот на капитенот Горан Печенковски и нему и на соиграчите им посака добредојде во елитното ракометно друштво во Македонија. Амбициозниот проект, догодина се очекува да игра важна улога во Суперлигата и да се бори за пласман во плеј-офот.
На едно коло до крајот на Првата лига, Бутел има 24 победи и само еден пораз, а последниот меч против Спартак ќе биде ревијален.