Прегазената жена во Ѓорче итно пренесена на Ургентен
Жена околу 11 часот денеска била прегазена од автомобил кај пазарот во скопската населба Ѓорче Петров. Според очевидци по несреќата, повредената жена со возило на Итна медицинска помош била пренесена во некоја од болниците.
Според првичните информации од МВР пријавена е сообраќајна несреќа во која автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки удрило во пешак, женско лице.
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата. Засега нема детали за идентитетот на лицата вклучени во сообраќајката, како и за карактерот на повредите на пешакот.