Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Тетово

Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Тетово

Три лица се здобиле со повреди во сообарќајна несреќа на две возила што се случи денеска околу 11:20 часот на улица „Илинденска“, во Тетово.

Во сообраќајката кај крстосницата на Тетовскиот Универзитет учествувале автомобил „Рено меган“ со тетовски регистарки таблички управуван од 27-годишниот Ф.Б. од село Стримница и патничко моторно возило „Мерцедес“, управувано од 23-годишниот тетовец A.A.

Од несреќата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, и сопатничката од Меганот, 27-годишната К.Б. исто така од Стримница.

Тројцата се наоѓаат во Тетовската клиничка болница.

Како последица на сударот меѓу возилата, оштетен е семафорот и електричен столб.

Треба да знаете
Последни објави