Хемикалии течеле од цистерна, едно лице повредено на граничниот премин Табановце
Вработен во Желесничка станица Куманово завчера го пријавил случајот во Регионалниот центар за управување со кризи, Министерството за животна средина и Територијалната противпожарна единица, од каде во 15:40 часот излегле на терен со едно возило и тројца пожарникари.
Вработен во Железничка Станица Куманово не извести дека поради падот на температурата од цистрената повеќе не истекува течност и истата нејверојатно ќе се транспортира за Грција, информираат од РЦУК.
Вчера во 15:55 часот вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање вршјќи увид на самата цистерна добил струен удар и истиот со возило на Итната медицинска помош бил транспортиран во кумановската болница, од каде е упатен на лекување во Скопје, стои во билтенот на РЦУК.