Научниците докажаа до колку години децата треба да спијат со родителите
Мислењата околу тоа дали детето треба да спие со роделите се поделени и многу различни, но научниците докажаа дека е најдобро детето да спие со родителите до 4 години.
Ако спијат одвоено, мајката и детето тешко се поврзуваат, а тоа штети на развојот на мозокот, па тоа носи до проблематично однесување додека тоа расте, вели педијатарот Нилс Бергман од универзитетот во Кејптаун, Јужна Африка.
Влијание на стресот на срцето и мозокот
Следејќи 16 новороденчиња, Бергман откри дека оние кои се ставени да спијат во друг кревет, спијат полошо од оние кои се до мајката. Покрај тоа следењето покажало, дека срцето на бебињата кои спиеле сами било под три пати поголем стрес него оние кои спијат покрај мајката.
Ризик од смрт во колевката
Некој студии го поврзуваат заедничкото спиење со зголемен ризик за смрт во колевката, но Бергман вели, кога бебињата ќе угушат или умрат во колевката, тоа не е затоа што нивната мајка не била со нив. Тоа поради други работи, како што се цигарите, алкохолот, големите перници, и опасните играчки.
Британската организација National Childbirth Trust го поддржува заедничкото спиење под услов родителите да не пушат, не пијат, не користат дроги и не се болни или претерано уморни. Од друга страна некои експерти сметаат дека најсигурно место за спиење на бебето е во кревет во собата на родителите.