Се скарал со родителите па се прободил со нож
Министерството за внатрешни работи информира дека на вчера околу 16.15 часот на улица Никола Парапунов во Гостивар, во куќата сопственост на С.С., дошло до несогласување во семејството и во еден момент синот на сопственикот, Б.С. (40) со нож се прободел во делот на абдоменот.
Неговите родители веднаш го однеле во Медицинскиот центар Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.