Апсење на граничниот премин „Табановце“
Вчера во 15 часот и 30 минути на Граничен премин Табановце, со комби со албанска национална ознака допатувал 45- годишниот H.A од Република Албанија.
Од МВР велат дека при пасошка контрола полициските службеници констатирале дека во исправата има вметнато страна која отстапува од оригиналот, односно дека патната исправа била фалсификувана.
Лицето било приведено и во 16 часот и 15 минути било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.