На годишнината од изборот, во петок, е закажана седница за реконструкција на Владата. Претходниот ден, во четврток пратенциите ќе поставуваат пратенички прашања.
Сѐ уште актуелната министерска за образование и наука, Рената Дескоска, потврди дека токму Арбр Адеми од редовите на ДУИ ќе биде нејзиниот наследник, односно нов министер.
Поранешниот амбасаор во Данска, Асаф Адеми од движењето БЕСА на Африм Гаши, ќе биде новиот министер за култура, објави Телма. Оваа информација ја потврдиле и од БЕСА, кои го номинираат за позицијата на сегашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.
Во јавноста се шпекулира дека нови министри – заменици ќе добијат и МНР како и Министерството за труд и социјала.
Од ДПА објавија дека министер без ресор задолжен за странски инвестиции ќе биде предложен Бардул Даути, а заменик-министер во Министерството за транспорт и врски ќе биде Мусадик Беќири.