ЈП Водовод и канализација-Скопје испрати потсетување до граѓаните за можноста за исплата на заостанатиот долг за вода на повеќе месечни рати.
– Ве известуваме дека акцијата за плаќање на заостанат долг на рати и без камата трае уште еден ден, односно заклучно со 29.05.2018 (вторник). Ги повикуваме сите корисници кои имаат долг, да ја искористат оваа можност. Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање, се наведува во нивното соопштение.
Физичките лица и правни лица може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.