15-годишно девојче тешко повредено откако загубило контрола врз мопед
Вчера околу 17 часот на улицата „Сирма Војвода” во Охрид 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг” со охридски регистерски ознаки, загубило контрола над мопедот и со него се излизгалo по коловозот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од падот девојчето здобило тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо” во Охрид. Таму му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.