Груевски денеска на рочиште за „Титаник“
Денеска и в четврток, поранешниот премиер треба да се појави на рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“, во кој се работи за изборни нерегуларности. Рошиштата последните неколку пати беа одложувани поради приговори на адвокатите.
Истава недела, Груевски треба да се појави на рочишта за случаите „Насилство во Општина Центар“ во петок и на „Траекторија“.
Инаку, поранешниот премиер доби осудителна пресуда од две години затвор за предметот „Тенк“ за што адвокатите на одбраната најавија жалба до Аплација.