(видео) Маж крвнички тепаше жена сред Истанбул, потоа еден од минувачите го нокаутираше

Маж крвнички тепаше жена сред Истанбул, потоа еден од минувачите го нокаутираше

На снимката од надзорните камери во Истанбул се гледа маж како бесно ја малтретира и тепа својата жена.

Тој на крај ја собори на земја и продолжи да ја тепа со ролна весник. Во тој момент се појави група мажи, од кои еден се залета со глава кон насилникот и го „патосираше“.

Жената почна да се оддалечува кога тепачката почна да излегува од контрола пред масата луѓе.

-Ја тепаше жената, таа плачеше и викаше. Потоа еден од минувачите го нокаутираше, кажа еден од сведоците.

-Жената беше преплашена, викаше толку што ја слушна целата улица. Се обидуваше да се заштити. Вакво насилство е недозволиво, вели уште еден од сведоците.

Медиумите наведуваат дека насилството почнало откако парот, за кој се верува дека е разведен, се сретнал пред судот во Истанбул, каде требало да се одржи сослушување. Мажот, кој е идентификуван како Мехмет Т., подоцна е уапсен.

https://www.youtube.com/watch?v=yJyeE8-GrBQ

 

Треба да знаете
Последни објави