Познати водачи на ултрасите на Милан и Интер се меѓу уапсените во последната акција на италијанската полиција за разбивање на мрежа за шверцување и продажба на наркотици.
Уапсени биле 22 лица, меѓу кои водачот на Ултра Суд навивачката група на Милан, Лука Лучи, кој и претходно имаше проблем со законот поради нанесување тешка телесна повреда на навивач на Интер кој остана без едно око.
Меѓу уапсените во акцијата бил и Масимо Мандели кој е прв човек на дополнителните членови на обезбедувањето на Интер, а индиректно е меѓу водачите на најжестоката навивачка група на „неразурите“. Полицијата запленила 600 килограми дрога во оваа акција.