Јанкулоска ќе мора да оди да се прегледа во Клиниката за гинекологија и акушерство
Судијата Добрила Кацарска издала налог за дополнителен здравствен преглед на поранешната министерка за здравство Горадана Јанкулоска, која е во деветтиот месец од бременоста, и не се појави на судењето.
До Клиниката за Гинекологија од скопска единица пристигнало писмото за да се изврши дополнителен преглед за здравствената состојба на екс- министерката за внатрешни Јанкулоска, обвинета во случајот „Тенк“, потврдија од клиниката. Формирана е стручна комисија. Најверојатно прегледот ќе биде извршен денеска.
На последното рочиште, судијата Добрила Кацарска даде налог за дополнителен здравствен преглед на Јанкулоска, која е во деветтиот месец од бременоста, и не се појави на судењето.
Преку адвокатите достави известување за породилно отсуство и медицинска документација. Со отворено писмо реагираше на ваквата одлука на Судскиот совет.