Поранешниот шеф на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, се обидел да влијае врз потенцијалните сведоци, изјавил специјалниот истражител Роберт Милер за време на судско рочиште, пренесува.
Милер, кој ја истражува потенцијалната соработка помеѓу изборниот штаб на Трамп и Русија, побарал од судијата што го нагледува случајот да ја повлече судската наредба за ослободувањето на Манафорт во пресрет на неговото судење.
Манафорт беше пуштен во домашен притвор во октомври минатата година. Специјалниот агент на ФБИ, Брок Домин, изјавил дека Манафорт се обидел да им се јави или да им прати пораки на две лица од „Хапсбург груп“, компанија во која тој работел со цел да ги промовира интересите на Украина.